Потпишан протокол за соработка со грчкиот национален оператор на гас

Во рамките на посетата на владината делегација на Република Грција, денес, во просториите на АД МЕР се потпиша протокол за соработка како анекс на меморандумот потпишан во 2016 година.
Со него, се дефинираат техничките и финансиските аспекти на интерконекцискиот вод меѓу АД МЕР и грчкиот национален оператор ДЕСФА.
Со анексот се продлабочува и соработката на АД МЕР и ДЕСФА, од аспект на градење на капацитетите, до усовршување на кадри и забрзување на постапките за градење на овој важен интерконектор за државата.