Потпишан анекс на Спогодбата меѓу Македонија и Франција за средните училишта со франкофонски двојазични паралелки


Министерот за образование и наука Јетон Шаќири и францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер, денеска потпишаа анекс на Спогодбата меѓу двете влади, што се однесува на средните училишта со франкофонски двојазични паралелки. Настанот беше во рамките на одбележувањето на Месецот на франкофонијата, во присуство на претставници на повеќе средни средни образовни установи, од неколку општини.

На средбата беше кажано дека овој анекс има за цел да ги прецизира одредбите споменати во Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Франција, која се однесува на средните училишта со франкофонски двојазични паралелки, а кои се сметаат неопходни за добро функционирање и одржливост на овие паралелки.

Во земјава има вкупно шест франкофонски двојазични паралелки, а првата е отворена во неготинската гимназија во учебната 1997/1998 година.