Поток од алкохол на Хаваите
На хавајскиот остров Оаху, откриен е поток од алкохол.
Островот Оаху, оддалечен е 24 км од Хонолулу, главниот град на Хаваи, а на него е откриен поток од кој се шири мирис на пиво.
Причина е тоа што водата е контаминирана со алкохол откако дошло до истекување од магацинот за алкохолни пијалоци.
Потокот привлече внимание на локалните активисти кои забележале чуден мирис во неговата околина.
„Кога дојдовме овде, почувтсувавме мирис како во паб чија врата не била отворана неколку дена“, рече активистката Керол Кокс за Хаваи њус нау.
Локалните медиуми зеле примероци од водата и ја тестирале во приватна лабораторија, а се покажало дека се позитивни на алкохол, односно 1,2 отсто од супстанцата била алкохол. Тоа е четвртина од содржината на алкохол во пивото и доволно да предизвика опиеност.
Потоа се вмешале и локалните власти, па покрената е истрага за изворот на контаминација. Утврдено е дека се работи за одводна цевка од магацинот на најголемиот дистрибутер на алкохол на Хаваите, компанијата „Paradise Beverages“.
Претставници на компанијата соопштија дека соработуваат со власитите за решавање на овој проблем.