„Поточиња 2025“ на 12 и 13 април во Филхармонија

На 12 и 13 април во Филхармонија по 22. пат на големата сцена ќе блеснат единствените „Поточиња“ и ќе ја донесат омилената детска музичка приказна на сите генерации. Со многу љубов и внимание подготвивме нови песни кои со нетрпение чекаме да Ви ги отпееме, а фантастичниот Поки (актерот Мартин Јорданоски) е задолжен за атмосферата на фестивалските денови да биде на највисоко ниво. Затоа, Ве каниме сите заедно да играме, да пееме, да се смееме, да се радуваме и да се забавуваме!
Билети во продажба преку мрежата МК Тикетс и онлајн на следниот линк: https://mktickets.mk/event/potocinja-2025/
· Цена на билет до 28 март – 400 денари
· Цена на билет од 29 март – 450 денари
Минатогодишното издание „Поточиња 2024“ одржа дури седум фестивалски претстави во Филхармонија на кои присуствуваа над 6.500 деца. Чекајќи го новото издание се потсетуваме како изгледаше Поточиња 2024.