Постхумно одликувани шест медицински сестри кои починаа од Ковид-19
Шесте медицински сестри кои починаа во ковид пандемијата денеска беа постухмно беа одликувани, по повод Меѓународниот ден на медицинските сестри и Неделата на сестринството.
Министерот за здравство Беким Сали, на настанот организаран од Унијата на здруженија на медицински сестри искажа длабока почит кон нив и рече дека тие починале вложувајќи го својот живот во грижата за пациентите и спасување на нивните животи.
Од почетокот на пандемијата досега, во земјава од коронавирус починаа 37 здравствени работници.