Поставен камен темелник за спортска сала во ОУ „Конгреси и Манастирит“ во Чаир


 Во  Основното училиште „Конгреси и Манастирит“ во Општина Чаир денеска беше поставен камен темелник.

Спортската сала ќе се простира на површина од 650 метри квадратни и ќе чини 24 милиони денари.

Министерот за образование и наука Арбер Адеми истакна дека спортската сала според планираното треба да биде завршена за девет месеци, надевајќи се дека од оваа сала да излезат шампиони со кои ќе се гордее целата држава.

Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу информира дека тие предложиле откако ќе биде пуштена во употреба спортската сала да се именува во Аљуш Хамиди, личност-светилник на албанското образование и култура.

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети пак изрази надеж дека од оваа сала ќе излезат многу личности со кои ќе се гордееме со нивните успеси било каде во нашата земја и во странство.