Поскапи цени во кафулињата и кафеаните во февруари во споредба со истиот месец лани


Фото: Б. Грданоски

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во февруари 2024 година, во споредба со јануари 2024 година, е зголемен за 0,1 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Храна за 0,1 %.

Индексот на цените на угостителските услуги во февруари 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 6,3 %.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – февруари 2024 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 6,3 %, a во однос на декември 2023 година е зголемен за 0,6 %.