Поштенска марка за 25 години дипломатски односи со САД (фото)


Фото: Б. Грданоски

Специјално издание на поштенска марка по повод 25 години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Република Северна Македонија и САД беше промовирано денеска во Министерството за надворешни работи.

Фото: Б. Грданоски

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на промоцијата потенцираше дека дипломатските односи со САД отсекогаш биле пријателски и засновани врз заеднички вредности и стратешко партнерство.

Фото: Б. Грданоски

-Република Северна Македонија навистина го цени пријателството што го негуваме со САД во текот на изминатите години и затоа  по повод оваа посебна  пригода Поштата на РС Македонија објави марка за специјална пригода во чест на 25-годишнината од воспоставување на дипломатските односи со САД. Дипломатските односи меѓу нашите земји во текот на изминатиот четвртина век отсекогаш биле топли и пријателски, засновани врз заеднички вредности и стратешко партнерство. Неодамна со нашето членство во НАТО ова партнерство се претвори во сојуз, што е голема привилилегија, но  уште поголема одговорност и мотивација да работиме заедно во одржување на мирот, стабилноста и просперитетот на нашата земја и регионот, рече на промоцијата Османи.

Фото: Б. Грданоски

Тој се заблагодари за континуираната поддршка од САД за, како што рече, постигнување на нашите стратешки цели и да застанете рамо  до рамо кога тоа беше најважно за нас во текот а сите овие години.

-Република Северна Македонија нема друга алтернатива или пат освен евроатлантската иднина на нашата земја и ние остануваме целосно посветени на остварување на таа цел, истакна Османи.

Гледајќи ги боите на оваа поштенска марка, дополни, убеден сум дека нашите односи ќе имаат уште посветла перспектива за многу години.

Фото: Б. Грданоски

На промоцијата преку видеоконференциска врска се обрати помошник-државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања Филип Рикер кој е поранешен американски амбасадор во Северна Македонија навраќајќи се на почетоците од воспоставувањето на односите и придонесот на неговите колеги од првиот амбасадор Кристофер Хил, неговиот како петти амбасадор на САД, се до сегашната деветта амбасадорка Кејт Мари  Брнз.

-САД и Северна Македонија имаат најсилни односи од кога било. Северна Македонија стана најнова членка на НАТО. Она што почна како Канцеларија за врски со едно биро денеска е модерен објект кој ги симболизира растечките односи низ годините меѓу двете земји, рече Рикер.

Тој се осврна и на придонесот на локалниот персонал, кој, како што вели, работеше неуморно рамо до рамо со сите досегашни амбасадори во градењето на економски, дипломатски и безбедносни мостови кои се темелот на нашето денешно партнерство.

-Заедничката визија за побезбедна и просперитетна иднина, Охридскиот Договор и историскиот Договор од Преспа ја отворија вратата за членството на вашата земја во НАТО. Но, во сите изминати 25 години на промени нашите цели за Северна Македонија за мир и просперитет остануваат исти. Нашата поддршка за вашиот евроатлантски пат останува иста. Нашето партнерство ќе продолжи и понатаму во претстојните недели и месеци по промената на администрацијата во САД, рече Рикер и се залагодари за специјалното издание на марката која ќе биде потсетник на 25 години од односите меѓу двете земји.

Актуелната американска амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз потецираше дека годишнината е важен момент да се навратиме на односите на двете земји. – Во последните 25 годнини, повеќе од 4 000 лидери од областа на граѓанското општество, политиката, армијата и религијата учествуваа во програми финансирани од владата на САД, повеќето се се уште активни и работат на градење на партнерство меѓу земјите. Земјата беше дом на повеќе од 800 млади волонтери од САД на Мировниот корпус кои престојуваат во градиви и села во земјава, рече Брнз.

Во март, додаде таа, директно го посведочив заслуженото членствво во НАТО како 30- тиот сојузник, а армиите на двете земји создадоа трајно партнерство. Се осврна и на пандемијата која е глобален предизвик.

-Сигурна сум дека нашето партнерство ќе биде дополнително зацврстено откако пандемијата ќе заврши Владата на САД и помогна на земјата да се справи со пандемијата. Во следните 25 години ќе продолжиме да ја развиваме соработката за дигитализација, за зголемување на транспарентоста и за заштита на важната инфраструктура а за тоа време остануваме силни поддржувачи на членството на Северна Македонија во ЕУ, порача амбасадорката Брнз.

Директорот на Пошта Јани Макрадули, пак,  потенцираше дек специјалното издание на поштенската марка ќе биде предвесник на многувековни јубилеи  кои  идните поколенија ќе ги прославуават заедно во слободен и демократски свет за каков што се залагаат двете држави. от, посочи Макрадули, денес се брои само во децениии, но по своето значење на традиционални партнерски односи на меѓусебна поддршка  може да се каже дека трае многу  подолго.

-Кога ќе погледнам наназад  25 години има многу моменти на кои сум сведочел и активно придонесувал и сакам да ги споделам со вас бидејќи се важни во заедничкото  втемелување на  РСМ  како независна држава, земја со бурна историја, но денеска заслужена членка на НАТО, рамноправен  30-ти партнер во Алијансата. И кога не бевме членки на НАТО високо се ценеше нашиот придонес во многуте заеднички мировни постконфликтни операции. Немаше момент,  дали кога сме биле на молитвен појадок или кога сме ги користеле придобивките од партнерство за демократија на Американскиот конгрес на сите средби да не биде истакнат придонесот на нашата земја, но и ние секогаш учевме за демократските вредности и принципи и навистина сум благодарен, рече Макрадули.

Фото: Б. Грданоски

https://www.facebook.com/359477174168894/videos/2871612549741457