Портрет на српскиот поет  Бранислав Матиќ во СПОНА


Во рамките на своите активности за мај, Српскиот културно информативен центар СПОНА во вторник и среда (28-и 29 мај 2024), во своите простории во Скопје и во Куманово (со почеток од 19 часот), ќе го претстави Бранислав Матиќ, познат поет и иѕдавач од Белград.

За неговото дело ќе зборуваат Јован Пејчиќ и Милутин Станчиќ, програмски уредник во СПОНА:

Бранислав Матиќ (Лозница, Србија 1965). Поет, уредник, издавач. Неговата поезија, есеи и погледи се објавувани во низа на угледни списанија. Уврстен е во првата антологија на српскот сатиричен афоризам (“Историја апокалипсе”, 1987). Уредник е на повеќе списанија, издавачки куќи и магазини. Има спремено и уредено голем број на книги, од областа на книжевноста, уметноста, сакралната традиција, филозофија, историја и култура. Ги има објавено следниве книги: “Хиперборејски летопис” (2015), “Острво” (2020), “Благослови” (2022), Гополитичке монографије: “Србија. Геополитички албум” (2011), “Србија под капом небеском” (2017), “Београд, изнад Истока и Запада” (2023). Есеи и записи: “Благо Косова и Метохије” (2009), “Чувени странци о Србији” (2009), “Велики српски визионари” (2009), “Мали српски мисленик” (2010)…
Преведуван е на англиски, руски, италијански, шпански, француски, германски, кинески и многу други светски јазици. Живее и рабори во Белград.