Портрет на лауреатот на „Златен венец“ и соопштување на добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП


 Со традиционалниот поетски портрет на лауреатот на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2025 година словачкиот поет Иван Штрпка во црквата „Света Софија“ во Охрид, вечер продолжува 64. издание на Меѓународната поетска манифестација.

Претходно на прес-конфереција ќе биде прогласен и добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2025 година за најдобра поетска книга меѓу два фестивала, објавена на македонски јазик. Во потесен избор за наградата се книгите „Рубедо“ на Андреј Ал-Асади, „Рајсфершулс“ на Јулијана Величковска, „Маслина и младост“ на Гордана Михаилова Бошнакоска, „На ти со Ерос и Танатос“ на Виолета Танчева-Златева и „Вообразби: лирски етиди за некој друг свет“ на Бранко Цветкоски.

Според програмата, предвидено е претставување на добитникот на наградата „Стојан Христов“ за 2025 година, како и Меѓународно поетско читање „Созвучја“ и музичко-поетскиот перформанс Ноќ без интерпукција.

На програмата се и меѓународните поетски читање „Матине“ во предворје на црквата Света Богородица Перивлепта и „Созвучја“ пред споменикт на Свети Климент на Плоштадот во Охрид и посета на знаменитостите на градот.

Фестивалот завршува утре со манифестацијата „Мостови“ на Мостот на поезијата, со поетски читања и врачување на највисоките признанија, наградите „Златен венец“, „Мостови на Струга“ и „Браќа Миладиновци“.

Поради поставување сценографија на Мостот на поезијата за свеченото затворање на денеска од 15 часот до утре на полноќ а ќе биде затворена за сообраќај дел од улицата „Партизанска“ во Струга.