Портпаролот на Левица го запали Кривичниот законик


Во знак на револт за измените на Кривичниот законик, портпаролот на Левица го запали Кривичниот закон.

„Во Република Македонија криминалот на политичките и бизнис интереси се аболицира. Широката коалиција ДПМНЕ-СДС-ДУИ, со европско знаменце, ги амнестираше криминалите на своите политичари и функционери преку драстично намалување на казните за наместени тендери, злоупотреба на овластувањата и за злосторничко здружување“, вели портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ.