Поранешниот белгиски еврокомесар Дидие Рејндерс е обвинет за перење пари
Поранешниот белгиски еврокомесар Дидие Рејндерс беше претресен и испрашуван од полицијата поради сомнение за перење пари со купување лотарија.Обвинителството ја потврди операцијата по извештаите на Ле Соар и истражната медиумска платформа Follow The Money, пишува „Brussels Times“.
Истрагата се одвива од 2023 година под јурисдикција на обвинителството во Брисел. Целниот период опфаќа неколку години, а траеше барем до минатата година.Властите се сомневаат во перење пари преку купување на лотарија од страна на главната личност на либералите. Управата за финансиско разузнавање означувала сомнителни трансакции во долг временски период кои вклучуваат „релативно значајна“ сума.
Поконкретно, Дидие Рејндерс е осомничен дека купил „е-билети“, кои се ваучери во вредност од 1 до 100 евра, достапни на различни продажни места и може да се префрлат на сметка за игри на Националната лотарија. Прелиминарните податоци покажуваат дека некои лозови биле купени со готовина. Добивките отишле на дигиталната сметка на поранешниот министер во Националната лотарија, а потоа биле префрлени на неговата тековна сметка.
Бидејќи истрагата опфаќа период кога Рајндерс беше федерален министер, а подоцна и европски комесар, тој ужива имунитет, иако повеќе не извршува никаква функција. Овој имунитет не го спречува спроведувањето на истрагата и претресот, но во моментов ја исклучува можноста за затворска казна.