Поранешната министерка за надворешни работи на Австрија се вработи во Русија: Ќе се грижи за сибирските тигри
Поранешната министерка за надворешни работи на Австрија Карин Кнајсл се вработила во Русија каде ќе биде министерка за зачувување на сибирските тигри.
Кнајсл беше министер за надворешни работи на Австрија од 2017 до 2019 година како член на десничарската ФПО и е позната по нејзините силни врски со Русија.
Во Австрија е најпозната по тоа што рускиот претседател Владимир Путин присуствуваше на нејзината венчавка во 2018 година, па дури и танцуваше со него.
Кога ФПО беше вмешана во скандал поврзан со Русија во 2019 година, Кнајсл и нејзините колеги од партијата ги загубија позициите во владата.
Сепак, Кнајсл набрзо се снајде и тоа работејќи, директно или индиректно, за Русија. Таа беше чест гостин на „Русија денес“, меѓународен канал под контрола на Кремљ, а во 2021 година ќе се приклучи на бордот на директори на државната нафтена компанија Роснефт.
На полето на политиката, Кнајсл е исклучително активна во нејзиното лобирање за Русија. Така, претходната година таа одржа говор во Обединетите нации за забрана на воената помош за Украина.