Поранешен австриски европарламентарец осомничен за измама, му се заканува казна од 10 години затвор


Австрија– На поранешниот пратеник на Народната партија на Австрија (ОВП) во Европскиот парламент Рихард Зебер му се заканува затворска казна во траење од 10 години.

Тој е осомничен дека сторил кривично дело тешка измама за време на својот пратенички мандат во Брисел.

Судењето против него треба да се оддржи на почетокот на следната година во Инсбрук, а на товар му се става дека од 2004 до 2014 година, периодот во кој бил пратеник во Европскиот парламент, предавал лажни договори и сметки за еден екстерен советник за услуги кои не му биле дададени.

Вкупниот износ на малверзацијата изнесува 409.956 евра, што е над 300.000 евра, заради што му се заканува казна до 10 години затвор, доколку на крајот од судењето биде и осуден.

Покрај него обвинет е и тогашниот негов советник, еден романски државјанин.

„Првиот обвинет , конкретно, предавал лажни договори за сметките на екстерниот давател на услуги за подршка, иако услугите не биле давани“, укажува Обвинителството за борба против корупцијата.

Парите добиени од таквите договори и сметки директно биле префрлани на сметката на советникот и тоа во периодот од 2006 до 2010 година.

Зебер, кој во моментов е директор на Канцеларијата за врски на австриската покраина Тирол во Брисел, ги негира обвинувањата и вели дека е многу изненаден од обвинението.