Порака од Алтернатива до Мицкоски: Не излеговме од Владата за да бидеме со ВМРО-ДПМНЕ


 

Откако вчера опизицискиот лидер Христијан Мицкоски, „жалеше“ над политичката судбина на Алтернатива бидејќи била избркана од Владата „на клоци“, партијата на Африм Гаши му одговори да не ги злоупотребува настаните и и дека тие не му прават нему ќеиф.

„Апелираме до г-динот Мицкоски да не ја злоупотребува Алтернатива во неговите дневно-политички пресметки со СДСМ. Ниту пред 12 месеци влеговме, ниту пак сега излегуваме од актуелното владејачко мнозинство за да му расипуваме или правиме нему ќеиф. Алтернатива ниту била, ниту е, ниту ќе биде спасител за нечиј криминал. Ние сме единствената партија која од позиција на учесник во власта предложи уставен механизам за справување со политичка корупција. Би било добро ВМРО-ДПМНЕ да го соопшти својот став за предлогот на Алтернатива’, реагираат од партијата преку соопштение.

Мицкоски вчера изјави: „Тоа само говори колкав е моралниот и човечкиот капацитет на овие луѓе. Ќе потсетам дека по ноемвриските настани во 2021 година, Африм Гаши и Алтернатива беа тие кои ја спасија владата на ДУИ, поддржана од СДС. Сега Ковачевски и Артан Груби одлучија буквално со клоци да ги исфрлат луѓето од Алтернатива кои го продолжија овој криминален политички неморал на владата на ДУИ, поддржана од СДСМ“, рече Мицкоски.

Минатата недела Гаши и Мицкоски има средба во Собранието. Мицкоски тогаш рече дека тоа било куртоазно поздравување во ходник во зградата на Собранието.