Поради технички зафати без струја неколку улици во Гази Баба и Кисела Вода


Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без струја во одредени временски периоди ќе бидат неколку улици во општините Гази Баба и Кисела Вода, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје по ЕВН Македонија АД.

Во периодот од 06:30 до 12:00 часот, струја нема да имаат дел од ул. Перо Наков фирмите, Јогомеркур, Осоговски, Макохемија, Стокомак, објектите до Стокомак на ул.Перо Наков, Златно Жито и Потрошувачите на ул, Маџари во општина Гази Баба, а во периодот од 08:00 до 11:00 часот, дел од од Н.Припор, по главната улица Христо Татарчев во општина Кисела Вода.

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација соопшти дека денеска поради промена на шибер ф 100 мм на ул.Карл Либкнехт бр.84 од 09:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Карл Либкнехт, Анри Барбис, Темко Попов и дел од Карл Хрон во општина  Гази Баба се до завршувањето на зафатот. 

Во периодот од 08:00 часот поради санација на усисна цевка во ПС Моране (викенд населба) можно е да има мал прекин на водоснабдување во с. Моране, во Општина Студеничани се до завршувањето на зафатот.