Поради скината цевка населбата Бутел без вода


 Поради скината цевка од страна на фирма на улица „Бутелска“ бб до Општината Бутел, прекин во водоснабдувањето попладнево имаат корисниците од населба Бутел.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето е прекинато од 17:30 часот и ќе трае до санирање на дефектот.