Поради работа на дефект затворена улицата „Петар Георгиев“ кај Општината Гази Баба
Поради уличен дефект од Ф-600 мм на ул. „Архимедова“ бб (до Општината Гази Баба ) во населба Гази Баба, улицата „Петар Георгиев“ ќе биде затворена од влезот на улицата до Општината Гази Баба.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“-Скопје, дефектот ќе се работи без затворање на вода од 9:00 часот до санирање на дефектот.