Поради пожар, затворен за сообраќај регионалниот пат Тетово – Скопје од Добарски надвозник до Џезо Петрол


АМСМ соопшти дека од 13:15 часот регионалниот пат Тетово – Скопје на потег од Добарски надвозник до бензинска пумпа Џезо Петрол е затворен за сообраќај поради избувнат пожар.  Сообраќајот се пренасочува по Автопат Тетово-Скопје-Тетово кај село Групчин и село Желино.