Поради пандемијата се откажуваат од скијање


 

Пандемијата од корона вирус натера многумина да размислат за претстојниот зимски одмор, односно скијањето.

Многу Германци се откажуваат од скијачки одмор зимава.

Според истражувањето на институтот „Југов“, 31 отсто од Германците рекле дека поради пандемијата не планираат да одат на скијање. Исто така, 45 отсто навеле дека нема да одат на скијање, ако скијачкиот ценатр се наоѓа во ризичен регион. Дури иако тој регион не е межу ризичните, 64 отсто од испитаниците по браќањето, би се тестирале доброволно на корона вирус.

Исто така, голем број Германци сакаат во текот на зимскиот одмор зајакнување на хигиенските мерки.

Така, 70 отсто сметаат дека треба да се воведе носење маски на гондолите и ски-лифтовите. Покрај тоа, 50 отсто сметаат дека треба да се ограничи бројот на лица во рестораните, ски-бусовите и гондолите. Дури 72 отсто сметаат дека ски-манифестациите треба да се одржат само со строги хигиенски правила.