Поради одржување улична трка, посебен режим на сообраќај околу бул. „Илинден“

Поради одржување улична трка (Авицена женска трка), претпладнево ќе има посебен режим на сообраќај околу бул. „Илинден“ во Скопје.
Како што соопшти СВР Скопје, трасата на движење ќе почне од бул.„Илинден“ пред фонтаната Лотус (старт и цел), ќе продолжи право по должина на бул.„Илинден“ до крстосница со бул.„8 Септември“ каде се врти полукружно назад по бул.„Илинден“ до целта – фонтана Лотус.
-Сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. Апелираме до сите граѓани, учесници во сообраќајот, да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници, соопшти СВР Скопје.
Стартот на трката е предвиден за 10 часот кај фонтаната Лотус и е планирано да трае до 11 часот.