Поради одрон, целосно во прекин автопатот Скопје-Велес


На автопатот Скопје-Велес после местото викано Ветерско сообраќајот е во целосен прекин, инфотмира АМСМ.

Според „4news.mk“, на автопатскиот коловоз има голем одрон, па сообраќајот целосно е прекинат.

Во моментов пристигнува и полиција, а двете ленти се блокирани со автомобили и не се знае до кога ќе трае прекинот на сообраќајот.

На телефонскиот број за итни случаи 112 во ЦУК има дојава за одрон на делницат на автопатот Скопје – Велес, кај Бензинската „Детоил Ветерско 9“.

Од Секторот за операции и координација во ЦУК се известени Регионалниот ЦУК Велес од каде што има известување дека полицијата е на лице место

Паралелно со оваа активност оперативците ги известуваат надлежните институции за итната ситуација, конкретно Јавното претпријатие за одржување на патиштата и Македонија пат.

Во комуникација со раководството на јавните претпријатија, дознаваме дека во моментот две екипи од Скопје и од Велес се упатени на местото на настанот.