Поради магла намалена видливост до 100 метри во Кочани, Страцин, Битола и Плетвар


Фото: Б. Грданоски

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 100 метри има во Кочани, Страцин, Битола и Плетвар.

ЈП Македонијапат информира дека со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучена во расчистување на патиштата.

Исто така, на располагање се и фирмите со кои соработуваме, како навремено би се справиле со снежните наноси.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.