Поради дефекти делови од Скопје денеска без вода
Дел од корисниците на булеварот „Партизански одреди“ згради 129 и 131 денеска од 8.30 ќе имаат прекин во водоснабдувањето.
Од 9 часот денеска без вода ќе бидат дел од жителите од булеварот „Македонско-косовска бригада“ и дел од улицата „Прохор Пчински“.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот на булеварот „Партизански одреди“ е поради дефект на шибер, а на булеварот „Македонско-косовска бригада“ 16 поради санирање уличен дефект.
Жителите ќе бидат без вода се до завршување на интервенциите.