Поради дефект утре без вода делови од Карпош

Поради уличен дефект на булевар „8-ми септември“ во Општина Карпош, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците потегот од Бул. „Партизански Одреди“ до „Митрополит Теодосиј Гологанов“, и дел од ул. „Варшавска“.
Како што информираат од ЈП Водовод и канализација, прекинот во водоснабдувањето ќе биде од 9 часот до санирање на дефектот.