Поради болки во стомакот, Мијалков од „Шутка“ на испитување во „Систина“


Екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков, вчера попладне од затворот во Шутка бил итно пренесен во болница, откако се пожалил на болки во пределот на стомакот. Тој добил дозвола од судот да замине во болницата „Систина“ каде ќе остане додека завршат испитувањата.

Мијалков минатата недела ја слушна првата ослободителната пресуда за случајот „Тортура“. Но, е осуден на две затворски казни во вкупно времетраење од 20 години за предметите „Таргет-Тврдина“ и во „Трезор“. Ексдиректорот на УБК седи на обвинителна клупа и во случајот „Плацови за Водно“, за кој судењето започна минатата недела. Тој е осомичен и во финансиската истрага „Империја“.