Попладнево и утре дожд во дел од Македонија
Нестабилност во планинските предели во југозападна Македонија проследена со грмежи и пороен дожд за попладнево најавуваат од УХРМ.
Оттаму соопштуваат дека продолжува периодот на сончево и многу топло време со максимална дневна температура која насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C поради што до крајот на следната работна седмица ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.
Утре во попладневните часови во западните делови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Промена на временската состојба се очекува од петок.
Денеска во 14 часот беа измерени температури во градовите во интервал од 31°C во Крушево до 40°C во Демир Капија, Гевгелија и Дојран.