Понеделник е неработен за католиците, за православните доаѓаат четири дена одмор
Граѓаните од католичка вероисповед во недела го слават Велигден. За нив, согласно календарот на неработни денови, неработен ден ќе биде 6. април (понеделник) – кога се слави вториот ден на Велигден.
За православните христијани, не овој што доаѓа, туку следниот викенд ќе биде продолжен. Практично учениците и работницте ќе имаат мини одмор, со оглед дека неработни денови се петокот и понеделникот.
Неработен ден за православните верници во земјава ќе биде 10 април – Велики Петок, додека 13 април (понеделник) – Велигден, вториот ден на Велигден, ќе биде неработен за сите граѓани.