Помладиот брат на Мбапе дебитираше за ПСЖ
Братот на ѕвездата на француската фудбалска репрезентација Килијан Мбапе, 15-годишниот Етан Мбапе, дебитираше синоќа за сениорскиот тим на ПСЖ.
Помладиот Мбапе го одигра второто полувреме во победата на францускиот првак од 2-1 во пријателскиот натпревар против локалниот ривал Париз влегувајќи на теренот на местото на Фабијан Руиз.
Покрај младите играчи во составот на ПСЖ се најдоа и искусните Серхио Рамос, Марко Верати и Ренато Санчез.
Етан Мбапе лани потпиша тригодишен договор со ПСЖ, а младиот играч за врска е член и на француската репрезентација до 16 години.