Помалку новозаболени во БиХ, но од Ковид-19 починаа уште 44 пациенти


 

Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина регистрирани се нови 664 случаи со корона вирус, а тестирани се 1.680 лица, додека од заразата починаа уште 44 пациенти.

Во Федерацијата тестирани се 1.399, а позитивни биле 573. Досега тестирани севкупно 275.811 примероци, а корона вирусот е потврден кај 55.744 лица.

До денеска од корона вирус оздравеле 36.287 пациенти, во моментот активни се 17.947.

Пријавени се 15 починати, со што вкупнит број жртви изнесува 1.510.

Во Република Српска тестирани се 273, а корона вирусот е најден кај 83 лица,.
Пријавени се 26 смртни случаи со што бројот на жртви од Ковид-19 се искачи на 1.031.

Досега потврдени се 29.818 случаи со корона висру, а оздравеле 14.437. Вкупно се тестирани 132.185 лица.

Во Брко осуммина се позитивни од исто толку тестирани. Починаа тројца пациенти.