Помалку новозаболени денеска во Словенија

 

Бројот на новозаразени од корона вирус во изминатите 24 ласа во Словенија порасна за 104, што е помалку во однос на вчера кога беа регистрирани 123 случаи.

Од последиците од Ковид-19 почина едно лице, па вкупниот број починати изнесува 136, пренесе СТА.

Прв пат бројот на активни случаи надмина 1.000, односно изнесува 1.026.

Во болница се 62 пациетни, а 11 на одделенијата за интензивна нега.

Биле тестирани 3.070 примероци, додека вкупно од почетокто на пандемијата тестирани се 191.413 луѓе.