Полуфинале за Швјонтек и Бенчиќ на Вимблдон

Ига Швјонтек и Белинда Бенчиќ изборија пласман во полуфиналето на Вимблдон откако во денешните четвртфинални дуели оставрија победи од 2:0 во сетови.
Полската тенисерка Швјонтек ќе го игра своето трето полуфинале на Грен слем турнирите оваа година и прво полуфинале на Вимблдон откако со 2:0 (6:2 и 7:5) ја совлада Људмила Самсонова.
Нејзина ривалка во полуфиналето ќе и биде Белинда Бенчиќ, која ги доби двата тај брејка против Мира Андреева 2:0 (7:6(3) и 7:6(2)). За Бенчиќ ова е второ Грен слем полуфинале откако на УС опен 2019 беше дел од најдобрите четири тенисерки.
Во второто полуфинале утре ќе играа Арина Сабаленка и Аманда Анисимова.