„Полски Фрицл“ четири години држел во заробеништво жена што ја запознал на интернет


Илустрација

Полјак, на возраст од 35 години, е осомничен дека држел 30-годишна жена, која ја запознал на сајт за запознавање, четири години заробена во штала, при што ја силувал и ја мачел, пишува Телеграф.

Тие двајца се запознале на Интернет, а потоа во 2019 година, жената отишла во посета кај осомничениот Матеуш Ј., во едно мало село кај Глогово на западот од Полска.

Немала пристап до струја, вода или средства за хигиена
Обвинителите рекоа дека жртвата немала пристап до струја, вода, тоалети или средства за хигиена. Поминала четири години во штала каде што порано имало животни. Никој од соседите на осомничениот не се посомневал ништо.

Жртвата раскажала дека доколку не ги исполнуала неговите сексуални очекувања, тој ја тепал, мачел и изгладнувал. Наводно, таа се породила во блискиот град Нова Сол, а тој ја принудил да го даде детето на посвојување.

„Не можев да им ја кажам вистината на лекарите“
„Не можев да им ја кажам вистината на лекарите. Се плашев, а тој ми се закануваше дека ќе биде полошо ако се пожалам“, вели жртвата. За време на затворањето уште неколку пати била хоспитализирана поради разни дислокации и повреди. Минатата недела тоа се повторило, а потоа ги предупредила лекарите кои повикале полиција.

Полјакот, кој беше уапсен во петокот, ги негира обвиненијата и се соочува со затворска казна до 25 години под обвинение за ментална, физичка и сексуална злоупотреба.

35-годишникот странските медиуми го нарекуваат „Полскиот Фрицл“. Џозеф Фрицл, да потсетиме, е еден од најозлогласените австриски криминалци, кој 24 години ја држел својата ќерка заробена во зандана под куќата. За тоа време родила седум деца.