Полска го казни PayPal


Полскиот регулатор UOKiK денеска објави дека изрекол казна од 106,6 милиони злоти (25 милиони евра) на европската филијала на американската компанија за онлајн плаќање PayPal поради нејасни договорни клаузули кои можат да ги чинат потрошувачите блокирана сметка.

Компанијата не им ги опишала јасно на корисниците забранетите активности кои можат да резултираат со парични казни, ниту пак им кажала што точно може да направи во такви случаи, наведува регулаторот во образложението за казната.

PayPal може да поднесе жалба до суд
„Клаузулите на PayPal се општи, двосмислени и неразбирливи. Со нивното читање, потрошувачот не може да предвиди кои негови дејства би можеле да се сметаат за забранети или какви санкции може да наметне компанијата“, рече шефот на UOKiK Томаш Хростни.

„Тоа значи дека PayPal може произволно, без никакви ограничувања, да одлучи дали корисникот направил нешто забрането и каква казна ќе сноси поради тоа, што може да биде, на пример, блокирање на пари на сметката“, објасни Хрости. . PayPal не беше веднаш достапен за коментар за одлуката на регулаторот. Одлуката не е конечна и PayPal може да поднесе жалба до судот, објави УОКиК.