Половина од село Сопиште без вода поради дефект


Половина од село Сопиште е без вода поради уличен дефект на водоводна цевка, информираат попладнево од Jавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.

Водоснабдувањето било прекинато од 14 часот.

Како што додаваат од претпријатието, корисниците ќе останат без вода за пиење до завршување на работните активности.