Skip to content

04/04/2026

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
Независен Весник
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија
Пребарај
Независен Весник
Пребарај
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија

Половина од граѓаните сметаат дека „Рекет“ не е причина за предвремени избори

06/10/2019 18:18

Фото: Б. Грданоски

Речиси половина од граѓаните случајот „Рекет“ не го сметаат за причина за организација на предвремени парламентарни избори, покажува анкетата која за потребите на Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Резултатите покажуваат дека 44,7 отсто од граѓаните сметаат дека не треба да се организираат избори поради „Рекет“, додека 36,3 отсто се на ставот дека е потребно ново гласање за избор на пратеници, додека 18,9 проценти од анкетираните се уште немаат став.

Според резултатите 48,7 отсто од анкетираните граѓани сметаат дека „Рекет“ нема да доживее целосна разрешница. 27,9 отсто се уверени дека случајот ќе биде решен, додека 23,4 проценти не знаат.

Анкетата покажува дека 47,1 проценти сметаат дека доколку одредени домашни и странски медиуми не објавеа информации поврзани со аферата, за случајот „Рекет“ воопшто немаше да се покрене истрага. Спротивно мислење имаат 24,4 отсто од граѓаните, додека 28,5 проценти останале без одговор.

Триесет и осум отсто сметаат дека одредени поединци во СЈО се корумпирани, речиси идентична бројка или 37,9 отсто од граѓаните се согласуваат со тврдењето дека СЈО е целосно корумпирано, додека 9,5 проценти сметаат дека СЈО работи професионално.

Истражувањето покажува дека мнозинството граѓани сметаат дека меѓународната заедница треба да се вклучи во изборот на судии и обвинители. Четириесет и шест отсто од граѓаните сметаат дека помошта на меѓународниот фактор е добредојдена, додека 33,3 проценти се на ставот дека меѓународниот фактор треба да остане надвор од процесот на избор на кадри во правосудниот систем, а 20,3 отсто од анкетираните рекле дека не знаат.

Уште повисока е поддршката за идејата во одредени судски процеси од висок профил да се вклучат обвинители и судии од странство. Со неа се согласуваат 53,8 отсто, додека 29,8 проценти се против, а 16,3 отсто немаат одговор на ова прашање.

Речиси две третини од анкетираните не се задоволни ниту со начинот на кој институциите се справуваат со случаите кои произлегоа од бомбите – 62,8 отсто велат дека институциите не се справуваат добро со овие случаи, додека 16,8 проценти се убедени во спротивното, а 20,5 отсто немаат одговор.

Високи 75 отсто од граѓаните сметаат дека потребна е постапка на „ветинг“ во судството. Против проверката на имотната состојба на кадрите од правосудниот систем се 10,7 отсто,  додека 14,2 отсто немаат став.

Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје по нарачка на Детектор е спроведена телефонски, во периодот од 14 до 17 септември, годинава, врз репрезентативен примерок од 1.109 испитаници со маргина на грешка на примерокот од плус – минус 3 отсто.


Поврзани содржини

Се зголемува животниот век на пациентите со три вида рак
04/04/2026 18:04
Филипче тврди дека разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се топи
04/04/2026 16:04
Приватен институт регистриран во кладилница
04/04/2026 15:04
ЛДП: Оставката на Ристоска е доказ дека системот ги исфрла професионалците
04/04/2026 09:04

И денес ќе биде облачно, можен е и дожд
04/04/2026 09:04
Понеделник е неработен за католиците, за православните доаѓаат четири дена одмор
03/04/2026 16:04
Клучна година за изградба на регионалните депонии
03/04/2026 16:04
Преку порталот uslugi.gov.mk најмногу се вадат изводи од матична книга
03/04/2026 16:04

Најчитани


  • Од понеделник променливо облачно и посвежо, пообилни врнежи во среда и четврток
    29/03/2026 12:37
  • Драматично предупредување од ЕУ: Подгответе се за најлошото, ова ќе биде долга криза
    03/04/2026 16:19
  • Дури 210.000 Македонци докажале дека имаат бугарско потекло, тврди Софија
    03/04/2026 14:43
  • Кај новиот „Лидл“ во Кавадарци ќе се гради кружен тек
    03/04/2026 12:40
  • Иран ја предупреди Бугарија
    01/04/2026 14:48
  • Куманово планира изградба на административна зграда кај Чоробенско ќоше
    31/03/2026 14:16

© Независен Весник  2019 -2026

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење