Политиката го избрка Ѓоковиќ од Србија – се сели во Грција

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, ги изненади Србите со одлуката дека нема да живее во Белград по завршувањето на кариерата, тврди грчката Газета.
Одлуката на 38-годишниот тенисер ги изненади и разочара сите во Србија, а грчката Gazzetta.gr пишува дека по полуфиналето на Ролан Гарос во Атина, Ѓоковиќ заминал на одмор во Атина, каде што го обиколи северниот дел од градот и размислувал каде би можел да ги запише своите деца во англиско училиште.
„Со сопругата Јелена, сопственикот на 24 гренд слем трофеи дошол во Грција со намера да остане таму. Таа идеја се родила од фактот дека тој бара училиште на англиски јазик за своите деца, а се сретнал и со премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис. Мицотакис му дал зелено светло и се чини дека Ѓоковиќ и неговото семејство ќе се населат во Грција по Отвореното првенство на САД во септември“, пишува Газета.
По информациите дека Новак Ѓоковиќ е во Атина за да преговара со грчките власти за преселба на неговото семејство, француски портал објави дека причината за оваа одлука е ставот на српските власти кон најдобриот тенисер на сите времиња.
Медиумите во Грција во саботата објавија дека Ѓоковиќ ја посетил Атина со своето семејство, разгледал куќи за преселба и училишта за своите деца.
🇬🇷🏠 𝝤 𝝩𝝛𝝤𝝟𝝤𝝗𝝞𝝩𝝨… 𝝭𝝜𝝫𝝞𝝛𝝚𝝞 𝝚𝝠𝝠𝝖𝝙𝝖❗
👀 Η επίσκεψη του Νόβακ Τζόκοβιτς στην Ελλάδα μόνο τυχαία δεν ήταν! Ο Σέρβος τενίστας… πιάστηκε να κάνει βόλτα στα Βόρεια προάστια, ψάχνοντας σχολείο για να γράψει τα παιδιά του ενόψει της νέας σχολικής χρονιάς.
➡ Η… pic.twitter.com/9LLqH37tQm
— gazzetta.gr (@gazzetta_gr) June 14, 2025
„Познато е дека поради неговата поддршка за студентите, Ѓоковиќ се соочи со цензура на некои негови изјави и постапки од страна на властите во неговата земја. Затоа, не би било нелогично тој да ја напушти Србија и да се пресели во една од земјите во регионот каде што сè би било помирно за него и неговото семејство“, пишуваат Французите.
Ѓоковиќ ги поддржа студентските протести, по што драстично се намалија вестите за него во српските медиуми.