Полицискиот час ќе продолжи и од утре, за построги мерки дополнително ќе се решава
Полицискиот час ќе биде продолжен. Ќе трае од 22 до 5 часот, како и досега, а дополнително ќе се разговара во текот на неделата дали ќе биде потребно да се заострат мерките, изјави министерот за здравство Венко Филипче за Сител.
Ако треба опција за заострување на мерките е скратување на работното време на угостителските објекти и продолжување на полицискиот час.
До утре до 5 часот завршуваше одлуката за полициски час која беше донесена на 5 март. Новата одлука за продолжување на траењето на оваа рестрикција ќе биде доставена денеска од Комисијата за заразни болести до Владата.