Полицијата во Виена застрела еден напаѓач, по друг се трага
Министерот за внатрешни работи на Австрија, Карл Нехамер синоќа изјави дека е убиен еден напаѓач, кој го изврши терористичкиот напад во Виена, и дека полицијата во моментов трага по барем еден соучесник.
– Ова е најтешкиот ден за Австрија во последните неколку години. Се соочуваме со терористички напад, со обем што Австрија досега не се соочила, изјави Нехамер на вонредна прес-конференција.
Тој нагласи дека специјалните полициски единици успеале да елиминираат еден тешко вооружен терорист и дека, според последните информации, барем уште еден напаѓач е во бегство. Поради тоа, тој апелираше до граѓаните да не ги напуштаат своите домови, доколку тоа е можно, освен ако не постојат деловни причини.
– Избегнувајте го центарот на градот, изјави Нехамер.