Полицијата во Франција претресува дом и канцеларии на министерот за здравство
Домот и канцелариите на францускиот министер за здравство Оливие Веран и на генералниот директор за здравство денеска беа цел на претрес на полицијата, како дел од судската истрага за постапувањето на Владата со пандемијата Ковид-19, јавија француски медиуми.
Судска истрага беше отворена во Франција во јуни за справување со пандемијата, откако беа поднесени официјални жалби од граѓански групи. Потоа Судот на правдата отвори истрага во јули.
Кривичната истрага има релативно ограничен обем и разгледува специфични аспекти, како што е наводно неуспехот да се воспостават антивирусни заштити на работното место, да се обезбедат маски за лице за да се намали инфекцијата и да се прошират тестовите за да се дијагностицираат носители на вирус.