Полицијата ќе им тропне на врата на Британците кои нелегално гледаат Премиер лига


Британската полиција следната недела ќе тропне на вратите на повеќе од 1.000 домови во Англија каде нелегално се гледаат натпревари од Премиер лигата.

Mirror пишува дека полицијата со напредна технологија открила кој гледа фудбал преку популарната IPTV, специјално модифициран хардвер и други стримови на интернет и дека овие корисници ќе бидат санкционирани.

Mirror пишува дека полицијата нема да уапси никого, туку дека ќе тропне на вратите на луѓето и ќе ги предупреди да не го прават ова повеќе, бидејќи во спротивно би можеле да бидат во голема неволја. Ќе добијат и писмени опомени, а Англичаните сакаат да стават крај на практиката со која, тврдат од полицијата, се финансираат тешки криминални организации.
<

Во Англија, Премиер лигата може да се следи на Sky Sports и BT Sport. Sky, кој емитува 128 натпревари годишно, наплаќа 41 фунти (46 евра) за најевтината месечна претплата, додека BT Sport наплаќа 15 фунти (околу 17 евра) за пренос на 52 натпревари.