Полицијата и учениците реализираа превентивна акција „Безбедно од домот до училиштето“
Со делење летоци за безбедно возење пред училиштата полицијата и учениците организирани во „Училишни сообраќајни единици“, почнаа со реализација на превентивната акција “Безбедно од домот до училиштето“.
– Активноста ја реализираме во две фази-првата е во текот на месец септември со почетокот на учебната година со почесто присуство на полициски службеници на улиците пред училиштата, каде фреквенцијата е зголемена, а втората фаза ќе ја реализираме во октомври, кога почнуваме со едукативни предавања во училиштата со кои ги запознаваме учениците со сообраќајните правила и прописи и нашата целна група-првачињата како да ја преминуваат улицата и запознавање со основните сообраќајни правила и прописи, рече Хризантема Рендевска,началник на Отсек за превенција при СВР Струмица.
Годинава прв пат во партнерство со Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Струмица почна реализацијата на проектот „Училишни сообраќајни единици“, кои на подрачјето на општина Струмица се формирани и промовирани на денот на полицијата.