Полицијата и годинава неуспешна: Куманово ли беше или Газа ?


Куманово ли е, Газа ли е? Со овие зборови македонски граѓанин ја опиша атмосферата на новогодишната ноќ во Куманово, каде што ечеше од петарди и огномети, иако полицијата ден претходно објави дека успешно се пресметала со шверцот на пиротехниката во Македонија, што беше силно демантирано на Нова Година во сите градови низ земјата, вклучувајќи го и Скопје. Апелите  на организациите за заштита на животните, на екологистите, па и заканите со казни не помогнаа и овојпат, а едно дете ќе остане инвалид од петарда.

Слични реакции имаше на социјалните мрежи и за Берлин од каде што беа постирани видеа на кои толку нецивилизациски се користеше пиротехника што не се знаеше дали се слави – или се води војна. Мадиумите јавија дека пет лица загинале, деод од нив од петарди, многу други биле тешко повредени, а стотици биле уапсени низ цела Германија за време на прославата за Новата 2025 година.Голема штета билае предизвикана и од огномет со сферични школки.Само во Берлин полицијата уапсила најмалку 400 лица за серија прекршоци, а 15 полицајци и еден член на противпожарната бригада се повредени. 


Не беше ништо подобро ни во Неапол каде што според постот секоја година во Италија од огномет умираат десетици луѓе, за штетите  на околината да не споменуваме. Минатата година само во Рим биле запленети шест тони нелегални пиротехнички средства.

Еден од најголемите поединечни огномети во светот годинава беше лансиран во Нагасаки, Јапонија.Проектил Сањакудама од триста килограми со дијаметар поголем од еден метар експлодирал на надморска височина од 600 метри.

Дубаи веќе со години гради туризам со неконтролирани огномети кои се меѓу најголемите и најдолготраечките во светот. Секоја година има неформален натпревар кој ќе изведе поголем огномет без оглед како тоа влијае на животните и на воздухот. Така, лани Абу Даби го проби светскиот рекорд изведувајќи огномет кој траеше нон стоп 53 минути.

Дека никој не е имун од ова покажа и видеото од Лондон каде што буквално не се гледа градот од огнометот, а за последиците нормално никој нема да напише ништо. И сето тоа се случува во време кога се водат вистински војни низ светот во кои беше истрошен огромен дел од светскиот воен арсенал, па и ракети од среден дострел и кога земјата се соочува со тешки климатски промени.  

Тие, пак, што се соочуваат со вистински експлозии, Украинците, знаат како да го ценат животот. 

Лекција одржа и Атина каде што за првпат се славеше со бесшумен огномет, со концерти и светлечко шоу со дронови.

„Оваа иницијатива е дел од визијата на новата општинска администрација од самиот почеток. Беше желба на градоначалникот и на сите нас да се погрижиме овие празнични моменти да останат полни со светлина, музика и веселба без вознемирување на домашните миленици или урбаниот животински свет“, изјави Костис Папајоану, претседател на Технополис.

Дополнително, небото на новогодишната ноќ беше осветлено од стотици дронови кои се вивнуваа над центарот на градот во спектакуларно шоу посветено на Атина, нејзиното наследство и доаѓањето на 2025 година.