Полицијата го нашла во „Дизниленд“ се криел од корона вирусот

Полицијата на Флорида во Орландо во затворениот забавен парк „Дизниленд“ нашла маж кој на тропски остров што му припаѓа на паркот направил карантин за себе.
Ричард Мекгири од Алабама уапсен е во „магичното кралство“ во Дизни светот кој во сред пандемија е затворен од средината на март и тоа под обвинение дека упаднал на туш имот.
Мажот бил забележан од обзбедувањеро како живее на островот „Дискавери“ кој е затворен од 1990 година. Посетителите тој тропски рај го гледаат и уживаат набљудувајќи ги бројните животни и птици.
Мажот додал дека не ја слушнал полицијата која го барала по островот и со брод и од воздух, затоа што спиел во една стара зграда.
Рекол дека не знаел дека тоа е зона во која смее да движиш по одредени правила, покрај бројните знаци дека поминувањето е забрането.