Погребната церемонија за ајатолахот Хамнеи е одложена поради огромна посетеност


Техеран -Погребната церемонија за убиениот ирански врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи, која требаше да започне вечерва во Техеран и да трае три дена, е одложена поради, како што се наведува, невидено голема посетеност на граѓани.

Претседателот на Советот за координација на исламската пропаганда на покраината Техеран, Хоџатолеслам Сејед Мохсен Махмуди, објави дека церемонијата била планирана да се одржи во џамијата Големиот имам Хомеини во Техеран, но била одложена поради голем број барања од граѓани од целата земја и потребата да се обезбедат соодветни услови за организирање на собирот, објави иранската новинска агенција Тасним.

Тој изјави дека наскоро ќе биде објавен нов датум за комеморацијата.