Погребани членовите на ДНК кои загинаа во пожарот во Кочани


Фото: Б. Грданоски

 Членовите на бендот ДНК кои починаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се погребани денеска. Пејачот на бендот Андреј Ѓорѓиески, е погребан на градските гробишта Бутел, а членката на бендот и професорка на Факултетот за музичка уметност (ФМУ), Сара Пројковска на гробиштата во Лисиче. Погребот на младиот музичар од Струмица, тапанар на бендот, Ѓорѓи Ѓорѓиев е на градските гробишта во Струмица.

Фото: Б. Грданоски

На погребот на Андреј Ѓорѓиески, што се одржа во 10 часот, присуствуваа членовите на неговото семејство, македонски уметници, пејачи, музичари негови колеги.

Фото: Б. Грданоски

Погребот на Сара Пројковска се одржа на гробиштата во Лисиче во 12 часот.

Фото: Б. Грданоски

Ѓорѓи Ѓорѓиев е погребан на градските гробишта во Струмица. Посмртните останки беа изложени во Градската капела од 12 часот, а во 10 часот вработените во музичкото училиште одржаа комеморативна седница. 

Фото: Б. Грданоски

Во црквата во штипско Ново Село, телата на Филип Стевановски и на Александар Коларов, кои беа дел од бендот на ДНК, беа изложени од 9 до 11 часот, а во истото време телото на Александар Ефремов, кој исто така беше дел од бендот, беше изложено во црквата „Света Троица“ во Штип.