Погодена станбена зграда во родниот град на Зеленски, напади во Киев, Плтава, Одеса, Харков


 

Русија утринава изврши уште еден масовен ракетен напад врз Украина, соопштија украинските власти. Експлозии се слушнаа во источниот град Харков, а локалните власти соопштија дека е погодена клучна инфраструктура во градот.

Олександер Мамаи, градоначалникот на Плтава, објави дека целиот регион останал без електрична енергија поради утринские напади, при што е оштетена инфраструктура.

Во Криви Рих, родниот град на претседателот Володимир Зеленски, погодена е станбена зграда, а под урнатините може да има жртви, објави заменик-шефот на украинскиот претседател Кирило Тимошенко.

Официјални лица во црноморскиот регион Одеса, исто така, наведуваат дека руски ракети погодиле критична инфраструктура.

Британските медиуми објавуваат дека силни експлозии се слушнале и во главниот град Киев, иако не е јасно дали се работи за противвоздушната одбрана или проектили што ја пробиле одбраната и ги погодиле наменетите цели. Засега нема информации за можни жртви, исто како што нема детали за инфраструктурата што е зафатена.

Поради денешните ракетни напади гувернерот на северниот регион Шуми соопшти дека дошло до прекин на електричната енергија