Погледнете како Хрватите ги обележаа цените што владата ги ограничи


На полноќ стапија на сила владините мерки во Хрватска за ограничување на цените на 30 производи кои Владата ги претстави минатата недела. Сите производи имаат посебна ознака, па полесно се препознаваат, јавува Индекс.

За сончогледово масло, млеко, брашно, шеќер, цело пилешко и мелено свинско месо остануваат ограничувањата од претходното пакување.

Меѓу новите производи со ограничени цени се и јогуртот во чаша и шише – 40 центи; блок од полутврд гауда сирење за сечење – 6,49 евра; ориз – 2,29 евра за килограм; Шпагети, половина килограм – 1,09 евра; свежи јајца класа М – 2,45 евра; свински врат без коски – 5,49 евра; говедски врат со коска – 6,99 евра; пилешки или мисиркини виршли – 2,69 евра; компири, 5 килограми – 3,99 евра, моркови на големо – 0,89 евра итн.

Ова е максималната цена што може да ја имаат наведените производи, а трговците можат сами да одлучат колку ќе одат под таа максимална цена.

Во Македонија, ограничените цени ќе почнат да се применуваат од среда и тоа за 50 производи.