Погледнете ја првата овогодишна ерупција на Етна, лава тече на три страни


 

Вулканот Етна на СИцилија, еруптира кусо вчера вечерта, а три потоци лава течеа на неколку стотини метри, но аеродромот во Катанија во подножјето на вулканот работи нормално. Се работи за прва еруција на Етна оваа година.

Чадот се издигна на 8.000 метри во височина, наведива Националниот институт за геофизика и вулканологија (INGV). Се вели дека ерупцијата повторно сопрела утрово, но вулканот уште испушта пепел од кратерот.

Аеродромот во Катанија, сместен во подножјето на планината Етна, работи нормално.

Етна еруптира неколку пати во годината, а облаци пепел нанесуваат помали штети на околните села и градови. Ерупциите неколкупати годишно го нарушуваат воздушниот сообраќај во катанискиот аеродорм.