Погледнете ја новата фантастична фотографија од Сонцето од 83 мегапиксели испратена од вселенско летало

Фотографијата е направена од камерите на вселенското летало Solar Orbiter на Европската вселенска агенција. На леталото му беа потребни четири часа да ја создаде


Ако оваа година погледнете само една „вселенска фотографија“, тогаш оваа мора да биде оваа.

Може да се превземе ОВДЕ – Сонцето, нашиот животворец, во неверојатна резолуцција од 83 мегапиксели. Можете да зумирате како никогаш досега за да ги видите неговите филаменти и блесоци одблиску.

Направена на половина пат помеѓу Земјата и Сонцето, таа е создадена на 7 март 2022 година од камерата на вселенското летало Solar Orbiter на Европската вселенска агенција.

Мозаик од 25 поединечни 10-минутни експозиции направени една по друга, на леталото му беа потребни четири часа да ја создаде.

Сликата има неверојатни 9148 x 9112 пиксели. Тоа се 83 мегапиксели. За споредба, 4K телевизор има резолуција 3840 x 2160 пиксели, што се 8 мегапиксели.

Еве ја таа фотографија (иако треба да ја преземете поголемата верзија „тешка“ 56 мегабајти за да сфатите колку е детална), пишува Форбс.

Верзија со ниска резолуција на сликата со висока резолуција на Сонцето од Solar Orbiter

Воопшто не е изненадувачки што е слика со најголема резолуција од целосниот диск на Сонцето досега направена, иако беа користени специјални камери за да може да ја вклучи и неговата надворешна, пожешка атмосфера, сончевата корона која вообичаено е видлива само за време на целосно затемнување на Сонцето на Земјата.

Направена е со помош на камера која е чувствителна само на екстремната ултравиолетова област од електромагнетниот спектар.

Другите камери на Solar Orbiter можеа да ја измерат температурата на Сонцето додека се склопуваше мозаикот, создавајќи ја оваа анимација:

Снимени се од инструментот Spectral Imaging of the Coronal Environment (SPICE) на вселенското летало на неколку различни бранови должини од екстремниот ултравиолетовиот спектар. Виолетовата боја е водороден гас на температура од 10 000 ° C, сината е јаглерод на 32 000 ° C, зелената е кислород на 320 000 ° C и жолтата е неонска на 630 000 ° C.

Лансиран на почетокот на 2020 година, Solar Orbiter има пакет од 10 различни научни инструменти кои за прв пат прават многу набљудувања.

Тие ги вклучуваат првите телескопски набљудувања од блиску до Сонцето, првите снимки од северниот и јужниот пол на Сонцето и првото целосно набљудување на сончевиот ветер.

Соларниот орбитер сега е внатре во орбитата на Меркур, најблиску до Сонцето на околу 50 милиони километри. Тоа е еден од главните настани во мисијата.

Во орбитална резонанца е со Венера, така што ја користи планетата за рутински да ја промени својата траекторија. Следното прелетување покрај Венера е на 3 септември 2022 година.